Утрински Весник
Економија

Во Гевгелија позитивно решени околу 90 отсто од барањата за легализација на дивоградби

Во Гевгелија позитивно решени околу 90 отсто од барањата за легализација на дивоградби
Dik 300x250 mk

Гевгелија, 26 јуни 2020(МИА) – Во периодот од 1 март 2011 до истекот на претходниот месец,или поточно за нешто повеќе од девет години, во Одделението за урбанизам на Општина Гевгелија биле доставени 6.012 барања за легализирање на бесправно изградени објекти, а 90 отсто од нив се решени позитивно.

– Согласно Законот за постапување, голем број од предметите, поточно 5.354 барања, или околу 90 отсто од нив, се позитивно решени, но има и такви кои сеуште не ги исполнуваат уловите за легализирање поради непоседување комплетна документација. Сите тие не се градени според законската регулатива, туку спротивно на Правилникот за стандарди за вклопување на бесправните објекти во урбанистичко планската документација, велат од надлежната општинска служба.

Од Општина Гевгелија потврдија дека до истекот на последниот рок на 1 март 2021 година за решавање се останати уште 658 барања.им/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра, над 3.000 евра за квадратен метар

Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој од 28 до 30 октомври

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити