Утрински Весник
Македонија

Во Гевгелиско приведен криумчар на мигранти од Куба

Во Гевгелиско приведен криумчар на мигранти од Куба

Во координирана акција на гевгелиската и граничната полиција, попладнево околу 13.30 часот на патниот правец меѓу селата Прдејци и Смоквица приведен бил П.Г. (48) од Богданци, кој криумчарел мигранти.

Како што информираат од МВР, во возило „форд фокус“ со гевгелиски регистерски таблички, 48-годишникот превезувал петмина мигранти од Куба.

По целосно документирање на случајот, против П.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Протест против новиот закон за одземање на возила од лица без дозвола

Тошковски: Со Безбеден град имаме намалување за 32 отсто на повредени лица само во Скопје

ЛДП: Најостра осуда за онлајн насилниците и поддршка за новинарот Александар Видиновски