Утрински Весник
Македонија

Во гевгелискиот Центар за зависности регистрирани 54 лица

Во гевгелискиот Центар за зависности регистрирани 54 лица

Гевгелија, 30 јуни 2020 (МИА) – Бројот на младите во Општина Гевгелија кои употребуваат наркотици и психотропни супстанци веројатно е многу поголем од веќе регистрираните 54 лица.

Митко Крџев, директор од ЈЗУ „Општа болница“ во Гевгелија и координатор на Центарот за превенција истакна дека од  овие лица, шест се жени и 48 мажи на возраст од 30 до 45 години, вклучувајќи ги и лицата од гевгелискиот затвор кои се на третман.

– Нерелевантните податоци би биле само шпекулативна бројка, далеку од реалната, па за приближно одредување на распростанетоста на консументите на наркотици и психотропни супстанци потребна е координација на повеќе институции, нагласи Крџев.

За сериозноста на појавата два пати за кусо време расправаше и локалниот Совет за превенција, кој по молба од родители побара засилена контрола од надлежни органи и служби на локации во градот кои се мапирани како критични места. Советот предложил и формирање мешовита патрола од родители и надлежни служби за заедничка посета на мапираните точки во градот.

Вонредната состојба и пандемијата од коронавирусот моментно ги одложија предвидените активности чија што реализација е пролонгирана за почетокот на новата учебна година доколку се уште актуелната здравствена криза не наложи некоја друга опција. им/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали