Утрински Весник
Свет
Img 7972

Во Гана почна имунизацијата на граѓаните со вакцини од програмата „Ковакс“

Во Гана почна имунизацијата на граѓаните со вакцини од програмата „Ковакс“
300x250 opst2

Гана денес почна да ги вакцинира граѓаните против коронавирусот со 600.000 дози вакцина на „Астра зенека“, која ја доби од глобалната програма за размена на вакцини „Ковакс“, чија цел е да им обезбеди вакцини на земјите во развој за да им помогне во борбата против пандемијата на Ковид-19.

Во Гана се регистрирани повеќе од 84.000 случаи на коронавирус и над 600 смртни случаи, покажуваат податоците на Министерството за здравство, објави „Ројтерс“.

„Ковакс“ има цел да испорача над 1,3 милијарда дози вакцина во повеќе од 90 земји со низок и среден приход до крајот на годината опфаќајќи до 20 проценти од нивната популација.

Соседот на Гана, Брегот на Слоновата Коска, вчера почна со вакцинирање против Ковид-19 со вакцини од програмата „Ковакс“.

Оваа недела се очекува да бидат доставени 11 милиони вакцини на „Астра зенека“-„Оксфорд“ и „Фајзер“-„Бионтек“ во некои африкански земји, вклучувајќи ги Нигерија и Демократска Република Конго.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД