Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во возило на скопјанец пронајдени Кубанци кои илегално влегле во државата

Во возило на скопјанец пронајдени Кубанци кои илегално влегле во државата
300x250 opst2

67-годишeн скопјанец бил приведен откако при претрес на неговото возило полицијата пронашлa тројца Кубанци кои илегално влегле во државата.

Според МВР, вчера во 19:30 часот на автопатот Скопје-Гевгелија, кај наплатна станица Градско, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор „Михајлово“ го лишиле од слобода Б.П.(67) од Скопје.

При контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени Р.В.Ј.(25), Р.В.О.(22) и Х.М.В.А.(42), сите од Куба, кои илегално влегле во државата.

Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи