Утрински Весник
Свет

Во Велика Британија 12.872 нови случаи на коронавирус

Казна до 13.000 долари за оние кои ќе одбијат да се самоизолираат

Во Велика Британија денеска се регистрирани 12.872 нови случаи на коронавирус, што е за околу 2.500 помалку од претходниот ден. Во последните 24 часа починаа 65 лица, покажуваат владините податоци, пренесува „Ројтерс“.

Поради влошувањето на епидемиолошката состојба во земјата, се очекува утре премиерот Борис Џонсон да објави нови рестриктивни мерки.

Од почетокот на пандемијата, заболеле повеќе од 603.000 лица, а 42.805 починале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции

Еквадор испраќа 10.000 војници против банди за трговија со дрога

Поднесен предлог до Парламентот за повлекување на Франција од НАТО