Две лица на југот на Англија се позитивни на јужноафриканскиот вид на коронавирус, а немале контакт со луѓе кои неодамна биле таму.
Жителите на Сари, југозападно од Лондон, ќе бидат тестирани без оглед дали имаат симптоми или не.
„Тоа е мерка на претпазливост. Колку повеќе случаи на оваа варијанта откриеме, толку се поголеми шансите да го спречиме нејзиното понатамошно ширење“, рече Рут Хачинсон, директор на Агенцијата за здравство.
Британската влада во јануари објави дека открила случаи на јужноафриканскиот и бразилскиот вид на коронавирус, но сите биле поврзани со патувања во тие делови на светот.