Утрински Весник
Македонија

Во велешко Башино Село одбележани 19 години од смртта на македонскиот бранител од 2001 Оливер Китановски

Во велешко Башино Село одбележани 19 години од смртта на македонскиот бранител од 2001 Оливер Китановски

Велес, 28 јуни 2020 (МИА) – Велешкото Здружение на бранители учесници во воениот конфликт 2001-2002 „Бранител“ денеска во велешко Башино Село пред спомен плочата во негова чест, одбележа 19 години од смртта на Оливер Китановски  македонскиот бранител од 2001, кој загина на само 21 година, како припадник на специјалната единица на МВР „Тигри“.

Присутните делегации на здруженија на бранители од Велес и Прилеп како и припадниците на Армијата од велешкиот гарнизон со едноминутно молчење во негова чест  му се поклонија на македонскиот херој од поновата македонска истрија и  положување на букети свежо цвеќе.

Драган Петрушевски претседател на Здружението на бранители „Бранител“ потсети дека како и секоја година по трагичниот  јуни 2001 и годинава по 19 пат се поклонуваат пред неговата спомен плоча со слика поставени од велешкото Здружение на борци,  сред село во неговото родно Башино Село.

-Целта ни е да му оддадеме достојна почит и да се поклониме на неговата жртва за Македонија и жртвите на останатите македонски бранители загинати бранејки ја Македонија во воениот конфликт од 2001-2002. Оливер како и останатите македонски бранители нема никогаш да го заборавиме и тој секогаш ќе живее во срцата на сегашните и идни генерации Македонци, потенцира Петрушевски.

Тој  потсети дека Оливер Китановски заедно со своите колеги  како припадник на специјалната единица на МВР „Тигри“ во безбедносните сили во конфликтот во 2001, ја вршел својата законска должност.

Потсети дека Оливер Китановски  беше тешко ранет во воените дејствија во селото Арачиново на 23 јуни 2001 година, а после пет дена на 28 јуни во болница за жал  им подлегна на повредите и почина на само 21 година.

Оливер Китановски беше погребан на гробиштата во неговото родно Башино Село на 29 јуни 2001.

Во чест на овој македонски бранител чии име е запишано со златни букви во поновата македонска историја никогаш да не се заборави,Советот на Општина Велес во ноември 2011 година, именува една велешка улица Оливер Китановски. ад/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено