Утрински Весник
Македонија

Во велешката црква Св.Кирил и Методиј пуштена фонтана „АЗ-БУКИ –духовен вруток“

Во велешката црква Св.Кирил и Методиј пуштена фонтана „АЗ-БУКИ –духовен вруток“

 

Велес, 15 февруари 2020 (МИА) – Во дворот на црквата „Св Кирил и Методиј“ во Велес денеска беше осветена и пуштена во употреба фонтаната „АЗ-БУКИ духовен вруток“ посветена на браќата Кирил и Методиј. Фонтаната е идејно решение и донација на композиторот и уметник Запро Запров и неговото семејство.

Запров за МИА изјави дека името на фонтаната е дадено по првите букви (Аз и Буки) од азбуката што ја создадоа браќата Кирил и Методиј.

– Со мојот добар пријател владиката Агатангел во насока на нашата борба за сеопфатно зачувување на нашите македонски вредности преку вакви дела и создавање на вредности, дојдовме на идеја да им искажеме благодарност на нашите претци, на оние кои го давале својот живот за нашата посебност и нашиот македонски идентитет. Во име на сето тоа, го создадовме овој објект, изјави Запров.

Во велешката црква Св.Кирил и Методиј пуштена фонтана „АЗ-БУКИ –духовен вруток“

Идејата за изработка на оваа фонтана, според Запров, е израз на сета мудрост и интелектуален труд на светите браќа Кирил и Методиј.

– На фонтаната има четири топки кои ги претставуваат четирите страни на светот. Горе има купола со која е претставена вселената затоа што нивното дело е веќе во вселената, а нивното значење е огромно за човештвото. Затоа и целата фонтана е во букви и симболи, со ликовите на свети Кирил и  Методиј кои својата  азбука ја ширеле меѓу словенскиот свет, појаснува Запров. ад/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме