Утрински Весник
Македонија

Во Велес шест новозаразени со Ковид-19

Бојаџиев: Општата болница во Велес располага со доволна количина лични заштитни средства и дезинфекциски средства
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Велес, 9 мај 2020 (МИА) – Изминатите 24 часа во Велес има шест новозаболени со Ковид-19, со што бројката на регистрирани порасна на 107, информира Центарот за јавно здравје.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје починал пациент од Велес на 58 години хоспитализиран на Клиниката пред една недела со тешка форма на болеста приклучен на механичка вентилација од 6 мај.

На Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес, како што информира за МИА портпаролот д-р Весна Неделковска-Николова, на лекување се 27 пациенти од кои кај 24 од нив е потврдено присуството на Ковид-19, а тројца чекаат резутати од тест.

Добра вест е што од велешката болница вчера биле испишани тројца излекувани пациенти од Ковид-19 или досега излекувани се вкупно 26 пациенти. ад/мс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче