Утрински Весник
Македонија

Во Велес се подготвува Е-база на семејства од социјален ризик

Во Велес се подготвува Е-база на семејства од социјален ризик

Велес, 9 март 2020 (МИА) – Две невладини организации Фондација Фокус и „Хаус оф Хоуп-Ленче Здравкин“ шест месеци работат на терен, од куќа на куќа за пронаоѓање и мапирање семејства од социјален ризик. Целта е да се корегираат постоечките списоци и да се вметнат нови семејства, на кои им е неопходна помош во храна, а кои не се евидентирани на сегашните списоци на разни организации и институции при делење социјална помош.

Како што појаснува за МИА Ленче Здравкин целта на проектот, што треба да заврши до крајот на март е да се евидентираат 200 семејства со социјален ризик.Тие досега евидентирале околу 160, а кои се од Велес и селото Бузалково, а им преостанало теренски да поминат на увид уште дел од Велес и селото Горно Оризари.

-Има многу списоци на социјални семејства, но тие не се прочистени долг период. Некои од тие семејства веќе не се социјлално загрозени, а некои семејства се секаде застапени при делење помош. Има и нови семејства кои не се опфатени, а кои се во тешка материјална состојба и им е неопходна помош, затоа одиме на терен да ја видиме вистинската слика, вели Здравкин.

 

Убавка Јаневска од Фондација „Фокус“ информира дека поддршка имаат од Општинската организација на Црвен крст, МПЦ, ИВЗ, Евангелската црква, некои од угостителите и сопственици на пиљари.

-Сите тие имаат потреба од вакви списоци, при делење помош. Нашиот проект е прифатен и од Центарот за социјална рабита на кој, исто така, му е значајна теренската проверка, за да направи ажурирање на податоците што ги има во сопствената база, посочува Јаневска.

Таа информира дека тие до крајот на месецов ќе направат нова Е-база на податоци на семејства од социјален ризик во што ќе ги внесат сите семејства со ризик на кои помошта им е најнеопходна, а тие самите ги откриле на терен.

-Потоа нашата Е-база ќе се спореди со останатите бази штп ги имаат другите организации и Центарот  за социјална работа..Храната треба да пристигнува до тие граѓани на кои помошта  им е најнеопходна, потенцира Јаневска.

Тие планираат на овие семејства да им издадат картичка за полесно евидентирање.
Нивната Е база потоа ќе ја користат сите поединци организации и субјекти, а кои по разни основи делат пакети храна и друга помош, воедно овие семејства  ќе  бидат вклучени и при делење на храна од Банката за храна.
Проектот  е регрант на проектот Банка за храна. Грантот е дел од неформалната мрежа за Банкарство за храна ИПА -2017,финансиски поддржан од ЕУ.ад/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ

Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок, вели премиерот