Утрински Весник
Македонија

Во Велес продолжуваат активностите за дезинфекција

Во Велес продолжуваат активностите за дезинфекција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Велес, 31 март 2020 (МИА) – Општина Велес во соработка со припадниците на МВР, СВР – Велес денеска ги интензивира мерките за справување со коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните.

За таа цел на поставените контролни пунктови на влезовите во Велес, денеска се врши контрола и дезинфекција на сите моторни возила кои влегуваат и транзитираат низ градот.

Како што информираат од Општина Велес, оваа активност започна во текот на минатата недела, но интензивно продолжи и денеска,  а ќе се реализира и понатаму.

Активностите за чистење и миење на улиците, како и дезинфицирањето на возилата на влезовите во градот се интензивирани како резултат на ширењето на Ковид-19 , а со цел да се обезбедат почисти улици и населби, но пред сè заштита на жителите ,потенцираат од службата за информирање на Општина Велес. ад/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична за две лица, преку лажни натпревари и фиктивни играчи ја довеле во заблуда ФФМ

Измамен 67-годишник од тетовско за сума од 3000 евра

Сиљановска – Давкова: Потребен е национален консензус и гаранции за евроинтеграциите