Велес, 28 мај 2020 (МИА) – Во Велес изминатото деноноќие се регистрирани девет лица оздравени од КОВИД – 19, новозаразени нема, а активни на болеста се 31 лице, информира ЈЗУ Центар за јавно здравје.
Како што информира за МИА д-р Весна Неделковска Николова, од деветте оздравени, двајца се лекувани во Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница и биле отпуштени со два негативни теста. Останатите седум се лекувале дома.
На Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница во Велес моментно се хоспитализирани 14 пациенти, сите позитивни на КОВИД-19. ад/мч/