Утрински Весник
Македонија

Во Велес денеска еден новозаболен од Ковид-19 и двајца оздравени

Бојаџиев: Општата болница во Велес располага со доволна количина лични заштитни средства и дезинфекциски средства

Велес, 21 мај 2020 (МИА) – Од Центарот за јавно здравје од Велес информираат дека денеска има уште еден регистриран со Ковид-19 со што бројката на заразени досега изнесува 127, од кои активни се 52.

Од Инфективното одделение при велешката Општа болница, како што информира за МИА портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, денеска се испишани двајца оздравени пациенти, а вчера бил излекуван уште еден.

Моментално на лекување на Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес се 20 пациенти и сите со потврден Ковид-19.ад/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Прес-конференција на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски

Херојска акција во Стенковец: Д-р Виктор Груев и тимот на ЈП Лајка спасија над 30 кучиња од пожар

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран