Утрински Весник
Македонија

Во Велес денеска двајца оздравени од Ковид-19,четвртти ден нема регистрирано новозаболени

Во велешката Општа болница зголемен бројот на боледувања од медицинскиот персонал

Велес, 25 мај 2020 (МИА) – Според податоците од ЈЗУ Центар за јавно здавје во Велес денеска има двајца оздравени од Ковид-19 кои биле на домашно лекување. Инаку, во градот веќе четвртти ден нема новорегистриран со Ковид-19 или од 21-ви мај кога бројката беше 127 заболени. Во моментот, од нив активни се 41 лице.

Во Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница во Велес, како што информира за МИА,Весна Неделковска Николова моментално на лекување се 19 пациенти, од кои кај 18 е потврдено присуството на овид-19,,а еден чека резултат од тест.

Градоначалникот Аце Коцевски на прес-конференцијата во петокот апелираше до граѓаните и покрај тоа што последниве денови нема новорегистрирани со Ковид-19, тие сепак премногу да не се опуштааат и да бидат претпазливи. Да носат  задолжителна заштитна опрема маски за лице и без групирања и држење на растојание од два метри, а се со цел да го заштитат сопственото и здравјето на останатите граѓани. ад/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина