Утрински Весник
Македонија

Во Велес дезинфицирани такси и возилата за јавен градски и меѓуградски превоз

Во Велес дезинфицирани такси и возилата за јавен градски и меѓуградски превоз

Велес, 19 март 2020 (МИА) – По препораките од страна на Владата и Општината, лиценцираните авто-такси компании од Велес во соработка со екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје извршија дезинфекција на сите лиценцирани авто-такси возила и возила за јавен градски и меѓуградски превоз на патници, како на и меѓуградската автобуска станица во Велес.

Општината поради извршените превентивни активности на заштита на овие возила за превоз на патници, апелира до граѓаните заради заштита на сопственото здравје да ги користат услугите само на лиценцираните авто-такси компании.

Како што информираат од Општина Велес, секое возило што се користи за превоз на патници располага со пумпи за дезинфицирање, средство за дезинфекција ECOSAL, како и гелови за дезинфекција на возачите и патниците.

Дезинфекцијата на возилата се врши на почеток и на крај на работниот ден, додека пак возачите носат заштитни маски и ракавици.

Општината претходно ја извести јавноста дека на почетокот од оваа седмица, испрати препорака до сите такси-превозници на подрачјето на Општина Велес да ги дезинфицираат такси-возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси-возачите да користат лична зашитита (маска и гумени ракавици).

Општина Велес по претходно утврден план за дезинфицирање на јавните површини во градот, започнува и активности кои вклучуваат дезинфицирање на сите автобуски стојалишта (постојки) во градот. ад/нд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија