Утрински Весник
Македонија

Во Велес дезинфекција на повеќе локации во градот

Во Велес дезинфекција на повеќе локации во градот

Велес, 17 април 2020 (МИА) – Општина Велес во соработка со Територијалната противпожарна единица – Велес, ЈКП „Дервен” и ЈП „Парк – спорт”, денеска започна дезинфицирање на сите станбени колективни згради, поголемите објекти на јавните институции, како и на јавните површини во градот.

Во акцијата се дезинфицираат просторите околу Центарот за јавно здравје – Велес, ЈЗУ Здравствен дом – Велес, „Стокомак”, железничката станица, просторите околу „Жито” маркетите во близина на општината и околу трговскиот центар, „КАМ” во Нова населба, „Кит – Го”, плочникот околу споменикот на Панко Брашнаров, плочникот околу споменикот на Алексо Демниевски – Бауман, плочникот околу „Жито” маркетот на плочникот „Авона”, просторот во центарот на градот од маркетот „Жито” до плоштад  „С’рмаале”  и просторот околу Градскиот пазар.

Од Општина Велес најавија дека акцијата за дезинфицирање на преостанатите локации ќе продолжи на 21 април во вторник. ад/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ќура: Ископувањата околу изворот „Шум“ причина за матноста на водата во Струга

Кривична за поранешниот градоначалник на Росоман за противправно прибавени 500.000 денари од Буџетот на Општината

„Марш на ангелите“ во сабота – Граѓаните повикани на достоинствен собир за правда