Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Велес двајца новорегистрирани со коронавирусот, бројката инфицирани се искачи на 36

Голем интерес за бесплатно вакцинирање против сезонски грип во Велес
300x250 opst2

Велес, 15 април 2020 (МИА) – Според информацијата од Центарот за јавно здравје во Велес, изминатото деноноќие во оваа Општина се регистрирани нови двајца заразени од коронавирусот. Со ова, бројката на заразените во Велес се зголеми на 36 пациенти.

Како што информира директорот на Центарот за јавно здравје, Тони Димитриев, од двајцата новозаразени пациенти, едниот е 62-годишен маж, веќе хоспитализиран на Инфективното одделение, а вториот, 53-годишна жена која била тестирана и и бил потврден случајот во Авицена лабараторијата во Скопје.

Димитриев додава дека заклучно со вчерашниот ден, земени се брисови на 350 граѓани, од кои 35 биле позитивни и плус еден позитивен од лабараторијата Авицена од Скопје. Во оваа бројка не влегуваат брисовите земени во текот на денешниот ден.

На Инфективното одделение во Велес во моментов се хоспитализирани 21 пациент. Како што појасни за МИА докторката Весна Неделковска Николова, од нив 13 пациент се со докажан вирус на Ковид-19, а за осум се уште се чекаат резултати.

Денеска од ова одделение бил испишан и излекуван 56-годишен маж, кој бил еден од првозаразените со Ковид-19, хоспитализирани на Инфективното одделение

Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес-конференција информира дека на седницата на Општинскиот кризен штаб било предложено, доколку се зголеми бројот на пациенти заболени од коронавирусот, да се оспособи и Одделението за физикална, кое е посебно одделение на велешката Општа болница, а другиот предлог е да се активира и болницата во Јасеново која е оддалечена на 25 километри од Велес. ад/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места