Велес, 13 април 2020 (МИА) – Според информацијата од министерот за здравство Венко Филипче денеска во Велес има двајца новозаболени со Ковид-19 со што бројката од 30 се искачи на 32.
Како што информира за МИА д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, на Инфективното одделение при велешката болница моментално се хоспитализирани 18 пациенти од кои 11 пациенти се со потврден позитивен корона тест, а за останатите седум се уште се чекаат резултатите.
Министерот Венко Филипче денеска информира дека меѓу четворицата починати во изминатото деноноќие од кроронавирус и е еден велешанец, 58 годишен маж. Тој беше еден од првозаразените во Велес кој првично се лекуваше на Инфективното одделение при велешката Општа болница. Тој по неколку дена поради влошување на состојбата како итен случај беше препратен на лекување во Инфективната клиника во Скопје каде беше во изминатите дваесетина дена и каде почина.
Инаку тој е втор велешанец кој почина од Ковид-19. ад/вј/