Утрински Весник
Свет

Во Бугарија 167 новозаболени од коронавирус, 15 лица починаа

Во Бугарија 167 новозаболени од коронавирус, 15 лица починаа

Во изминатите 24 часа во Бугарија се потврдени 167 нови случаи на коронавирус, од 3.923 тестирани примероци, наведува сајтот coronavirus.bg.

Уште 15 лица починаа, пренесува БТА.

Во Бугарија во моментов има активни 4.324 случаи на инфекција, а хоспитализирани се 762 пациенти, пренесува БТА.

На одделот за интензивна нега има 57 пациенти.

Повеќе од 17.300 луѓе биле заразени со коронавирусот во Бугарија, додека повеќе од 690 починале како резултат на инфекцијата, според податоците на сајтот „Ворлдометерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скандал во Британија: Сопруг ја дрогирал жената и ја давал на други мажи

Спречен обид за пробив во нуклеарна база во Шкотска од Иранци

Џорџија го укина на 60 денови данокот на гориво поради војната на Блискиот исток