Утрински Весник
Свет

Во Бугарија 159 нови случаи на коронавирус во последното деноноќие

Во Бугарија 159 нови случаи на коронавирус во последното деноноќие
Dik 300x250 mk

Во Бугарија регистрирани се 159 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, врз основа на извршени 3.341 тестови.

Денешниот број е зголемување за 82 случаи во споредба со вчера.

Вкупно досега во Бугарија заразени се 7.411 лица, а излечени се 3.517 пациенти од кои 198 во последните 24 часа.

Осум пациенти починаа, со што вкупниот број на починати од ковид-19 во Бугарија достигна 276 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците