Утрински Весник
Свет

Во Бугарија рекорден број починати од коронавирус за 24 часа

Бугарија: Најмногу починати во еден ден од почетокот на пандемијата

Нов црн рекорд по бројот на смртни случаи е забележан во Бугарија каде 23 лица ја загубија битката со болеста, со што вкупниот број на жртви достигна 915 лица.

Новозаразени се 587 луѓе од извршени 4.320 ПЦР-тестови. Во болниците се хоспитализирани 1.221 заразено лице, а 65 од нив се сместени на одделенија за интензивна нега.

Вкупниот број на активни случаи е 8.099.

Во однос на бројот на заразени, главниот град е со 173 случаи, а по него следат Пловдив со 56 и Благоевград со 51.

128 лица оздравеле во изминатите 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сијарто: ЕУ мора да ги прекине двојните стандарди кон Унгарија

Упадот на беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка, смета Трамп

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро осуден на 27 години затвор за обидот за државен удар