Утрински Весник
Свет

Во Бугарија повторно парламентарни избори на 11 јули

Во Бугарија повторно парламентарни избори на 11 јули

Нови парламентарни избори ќе се одржат во Бугарија на 11 јули, откако не успеа третиот и последен обид за формирање влада по изборите на 4 април, објави денеска претседателот Румен Радев.

Тој рече дека очекува назначувањето на нова изборна комисија да заврши до 11 мај, кога тој ќе распише избори, ќе го распушти парламентот и ќе назначи преодна влада, пренесува „Ројтерс“.

По партијата на десниот центар ГЕРБ на премиерот во заминување Бојко Борисов, како и новата партија ИТН предводена од ТВ-презентерот и пејач Слави Трифонов, кои одбија да формираат влада, мандатот го вратија и социјалистите, така што новите избори се единствениот начин надвор од политичкиот ќор-сокак.

Можете да прочитате

Калибаф: Непријателот испраќа пораки за преговори додека планира копнен напад

Украина повторно го запали руското пристаниште за извоз на нафта во Балтичкото Море

Седум лица тешко повредени во Англија откако автомобил удрил во пешаци