Утрински Весник
Свет

Во Бразил 17.246 новозаразени, починале над 300 пациенти

Во Бразил над 70.000 починати од коронавирус

Бројот на лица заразени со коронавирусот во Бразил е зголемен за 17.246 во претходните 24 часа, додека 307 пациенти починале како резултат на инфекцијата, покажуваат најновите податоци на Министерството за здравство.

До вчера во Бразил се регистрирани 6.475.466 оздравени лица, односно 87 проценти од вкупниот број на заразени, а во овој момент скоро 800.000 пациенти се под медицински надзор, пренесува ТАС С.

Од почетокот на пандемијата, вкупно 190.795 луѓе починале и 7.465.806 биле заразени.

Бразил е на третото место во светот според бројот на заразени, зад САД и Индија. Само САД имаат повеќе смртни случаи од Бразил.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Курдите во Сирија добиваат државјнство и право на мајчин јазик

Во Копенхаген и други дански градови се одржаа протести за поддршка на Гренланд

САД и Словачка потпишаа договор за соработка во сферата на нуклеарна енергија