Утрински Весник
Свет

Во Бразил рекорден број на новозаразени за еден ден

Во Бразил рекорден број на новозаразени за еден ден

Во Бразил се заразени 67.860 лица во последните 24 часа, што е нов рекорд во однос на бројот на заразени со коронавирус за еден ден, соопшти бразилското министерство за здравство.

Во земјата, како последица на вирусот досега починале 82.700 луѓе, а заразени се вкупно 2,2 милиони.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и неколку членови на владата се позитивни на ковид-19 и се наоѓаат во карантин.

Светската здравствена организација (СЗО) во петокот објави дека епидемијата на коронавирус го достигнала својот врв во Бразил и додаде дека бразилските власти треба да го поттиснат ширењето на вирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нови израелски напади врз Бејрут

Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

Една од најголемите фабрики за алуминиум во светот е затворена: „Длабоко сме вознемирени“