Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во болниците се лекуваат 1.238 ковид-пациенти, има околу 270 слободни кревети

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти
300x250 opst2

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона-вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.238 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 768 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

„Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово има 82 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 93, во ковид-центарот во Гостивар 73, а во Струга 40 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 18, Кавадарци 51, во Гевгелија 13 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на коронавирусот“, посочуваат од ресорното министерствоод каде додаваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Виктор Спасески победник на „Поетски слем Македонија“

ОЈО Скопје поведе постапка за криумчарење луксузни автомобили во државава

Се запали кола на плин во населбата Горно Оризари во Битола