Вкупнно 1.687 пациенти со компликации на коронавирус, се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава. Има околу 340 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во Скопје се хоспитализрани 73 нови пациенти, а вкупно 687 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово имало 75 слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места во Скопје.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 26 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 16 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 нови болни и 9 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина не се примени пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 40 болни.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 75 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 101 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 129 во ковид центарот во Гостивар 37, а во Струга 22 болен.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 26 во Кичево 34, Кавадарци 68, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.