Утрински Весник
Македонија

Во болниците низ земјата се лекуваат 608 ковид-пациенти

Во скопските ковид-центри хоспитализирани уште 48 лица, деновиве почнува прием и на Клиниката за уво, нос и грло

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 322 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 25 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 47 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 33 во ковид-центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 2, во Кичево 15, Кавадарци 21, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се додава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија