Утрински Весник
Македонија

Во Богданци ќе се решава проблемот со колекторскиот систем

Општина Богданци доби техничка документација за изградба на три улици
Dik 300x250 mk

Гевгелија,16 јуни 2020 (МИА) – Општина Богданци објави оглас за јавна набавка за изградба на атмосферска канализација на улицата „Петар Мусев“ на која истовремено ќе се изврши и реконструкција на дел од колекторскиот систем.

-Реализацијата на овој проект во пракса ќе значи трајно решавање на проблемот со нефункционалноста на колекторскиот систем кој при обилни врнежи често се затнуваше од песочните наноси, рекоа од општината и посочија дека идејното решение нуди одделување на атмосферската од фекалната вода и нејзино директно слевање во реката Луда Мара.

Средствата за реализација на проектот, согласно Годишната програма за уредување на градежно земјиште, се обезбедени од буџетот на општина Богданци, а последниот рок за доставување на понудите истекува на 25 јуни. им/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Иницијатива за северни шуми – Приказна за прекуграничен успех во обновување на шумите

Пијан возач удрил велосипедист – 24info.mk

„Сите за Палестина” на средба кај Претседателката Гордана Силјановска Давкова: Мора да покажете вистинска солидарност со Палестина