Утрински Весник
Свет

Во близина на Чернобил избија седум шумски пожари, тврдат Украинците

Во близина на Чернобил избија седум шумски пожари, тврдат Украинците

Седум шумски пожари избувнаа во близина на нуклеарната централа во Чернобил, соопштија украинските власти.

Украинците тврдат дека пожарите најверојатно избувнале поради гранатирање, а можно е и да се подметнати. Пожарот избувнал во област под контрола на руските сили, што според Украинците го оневозможува гаснењето.

„Постои растечка загриженост дека може да се прошири радиоактивен чад“, соопшти Украинската државна служба за посебни комуникации.

Потсетување, Чернобил падна во руски раце во првите денови од руската инвазија. Оттогаш на виделина излегоа неколку извештаи за тешките услови за работа на персоналот на нуклеарната централа.

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија