Утрински Весник
Свет

Во БиХ 261 новоинфициран и 15 смртни случаи

Јужна Кореја: Загрижени сме поради трицифрениот број на нови случаи

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа со коронавирус се заразени 261 лице, а 15 пациенти починале.

Од тоа, во Федерацијата БиХ има 198 позитивни и 11 смртни случаи.

Во Федерацијата БиХ, тестирани се 1.714 примероци, а регистрирани се нови случаи во сите кантони.

Досега се тестирани вкупно 164.482 примероци, а коронавирусот е потврден кај 18.687 лица.

Во Федерацијата БиХ досега се излечени 15.395 пациенти.

Во моментов има активни 2.728 позитивни случаи на коронавирус.

11 нови смртни случаи беа пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ.

Заклучно со денес, вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 564, 375 мажи и 189 жени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шефот на турската дипломатија се залага за заедничка одбранбена платформа на земјите од Блискиот Исток

Најмалку 78 убиени во напад на дрон врз џамија во Судан

Британската МИ6 ќе ја користи темната мрежа за регрутирање агенти и пристап до тајни