Утрински Весник
Свет

Во БиХ одново прогласена епидемија

Во БиХ дури 310 нови случаи на коронавирус

Федерацијата БиХ повторно прогласи епидемија поради коронавирусот. Оваа одлука била објавена денес во Службениот весник на федерацијата, пренесуваат регионалните медиуми.

Информација за „Аваз“ ја потврдил и Вјекослав Мандиќ, министер за здравство на федерацијата.

Тој објаснил дека кантоните имале можност сами да прогласат епидемија, но не го сториле тоа.

Како што се наведува, издадена е наредба да се прогласи епидемија на заразна болест за загрозените области во федерацијата.

Во наредбата се наведува дека за време на епидемијата на коронавирус, се преземаат мерки предвидени со Законот за заштита на населението од заразни болести, во кој, меѓу другото, се предвидува и вршење на санитарен надзор на граничните премини на територијата на федерацијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел