Утрински Весник
Свет

Во БиХ нови 582 заболени со коронавирус, починале 63 лица

Во БиХ рекордни 16 смртни случаи како последица од Ковид-19

Во Босна и Херцеговина, во последните 24 часа регистрирани се 582 новоинфицирани, а починале дури 63 лица кои биле заразени со коронавирус.
За споредба, вчера беа пријавени 1.031 ново заразено лице откако тестираа 3.567 примероци.

Во изминатите 24 часа, 2.088 примероци беа пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ, од кои 447 беа позитивни на коронавирус. Регистрирани се нови случаи во сите кантони во Федерацијата БиХ, освен Кантон 10.

Од денес, во Федерацијата на БиХ излечени се 81 189 пациенти. Во изминатите 24 часа се опоравиле 661 пациент. Во моментов има активни 10.307 позитивни случаи на коронавирус.

Во изминатите 24 часа, 43 нови смртни случаи беа пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ. Од денес, бројот на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 3017.

Од последниот извештај за епидемиолошката состојба во Република Српска, во последните 24 часа се тестирани 391 лабораториски примерок, а коронавирусот е потврден кај 129 лица. Во последните 24 часа беа пријавени 19 смртни случаи во Институтот за јавно здравје на Република Српска, во кои беше потврдено присуството на вирусот корона.

По тестирање на шест примероци, шест нови случаи на инфекција со коронавирус беа регистрирани во областа Брчко во БиХ. Една жена почина. Закрепнаа шест лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk