Утрински Весник
Свет

Во БиХ коронавирусот однесе 84 животи за 24 часа

Германија ја стави Хрватска на списокот на ризични земји

Во последните 24 часа, во БиХ биле регистрирани 931 новозаразено лице со коронавирус, од 3.456 тестирани, додека 84 лица починале.

Пријавени се 50 нови смртни случаи во Бирото, објавија босанските медиуми. Во последните 24 часа во Република Српска се регистрирани 208 новоинфицирани со коронавирусот, а починале 31 лице.

Во изминатите 24 часа биле извршени 75 тестови за Ковид-19 во областа Брчко, а 50 од нив беа позитивни, додека три лица починаа.

Од вчерашниот пресек, пријавени се два смртни случаи во Институтот за јавно здравје на Црна Гора кај пациенти заразени со коронавирус, а регистрирани се 297 новоинфицирани пациенти.

Од почетокот на пaндемијата, вкупниот број на регистрирани случаи на заразени со коронавирус во Црна Гора е 92.519.

Што се однесува до Хрватска, во последните 24 часа се евидентирани 1.376 нови случаи на заразени со коронавирусот, така што бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 13.432. Меѓу нив, 1.511 пациенти се во болница, од кои 158 се на апарати за дишење, додека 33 лица починаа, објави Индекс.хр.

Во Бугарија, бројот на новозаразени е зголемен за 1.919 на вкупно 352.259, додека 69 лица починале од коронавирус во изминатите 24 часа, така што вкупниот број на смртни случаи е 13.507.
Што се однесува до Романија, од 21.647 тестирани во изминатите 24 часа, регистрирани се 4.151 лице заразено со коронавирус.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно