Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Битола се собираат потписи за независна листа пратеници преводена од Петар Котевски

Во Битола се собираат потписи за независна листа пратеници преводена од Петар Котевски
Img 7972

Битола, 4 март 2020 (МИА) – Петар Котевски од Битола, носител на независна листа кандидати за пратеници во Изборната единица број 5, денеска почна со собирање потписи за учество на претстојните вонредни парламентарни избори.

На прес-конференција во Битола, Котевски изјави дека очекува до петок, 6 март, до 24 часот, да ги собере потребните 1.000 потписи во процедура организирана согласно закон и во простории определени од Државната изборна комисија.

– Ние не сме политичари, а јас како дипломиран електроинженер и кандидатите за пратеници ќе се бориме против неправилностите во државата и посебно во судството. Ние ќе се залагаме за македонските национални интереси и сметам дека никому не пречиме без разлика што на социјалните медиуми ја напаѓаат нашата кандидатска листа со независни пратеници меѓу кои се истакнати јавни личности како што се Благој Шаклевски, Фанче Димитровска, лекари и други лица од градовите во ИЕ5. Сакаме да дадеме глас на Македонецот чии интереси не се доволно застапени во институциите, истакна Котевски на прес-конференција во Битола. мт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат