Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Битола се поставува монтажниот ковид-центар

Во Битола се поставува монтажниот ковид-центар
Img 7972

Увид во теренските активности за поставувањето на објектите од модуларнот ковид-центар во Битола денеска извршија битолската градоначалничка Наташа Петровска и директорката на Клиничката болница Билјана Гагачовска.

Во предвидениот рок од три недели битолските јавни претпријатија беа активно вклучени во расчистување и рамнење на теренот, по што беше поставен канализационен и водоводен систем од страна на КЈП „Нискоградба“ и ЈКП „Водовод“.

На овие активности им претходеше вонредната седница на Советот на општина Битола на која едногласно, од страна на советниците, беше донесена Одлука за донација на 40.000 евра од општинскиот буџет во вид на услуги и добра на ЈЗУ Клиничка болница „Трифун Пановски“ Битола за изградба на модуларна градба.

Модуларниот ковид-центар во Битола се реализира од страна на Министерството за здравство и општина Битола, а се состои од 3 монтажни градби, од кои две наменети за интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Калајџиев: Опасно е што обвинението за пожарот во Кочани е нарачка од политиката, а не грешка

Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс

Мицкоски: Очекуваме убедлива и голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, СДС од 0 до 6 општини