Утрински Весник
Македонија

Во Битола отворена изложба на книги чиј автори се жени писатели

Во Битола отворена изложба на книги чиј автори се жени писатели

Битола, 7 март 2020 (МИА) – Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола отвори изложба со книги, авторски дела на жени писатели.

Изложбата е отворена со повод, во пресрет на Меѓународниот ден на жената 8. Март и ги промовира авторските дела на жени писателки од цела држава.

– Љубителите на пишаниот збор може да ги погледнат, да се потсетат и изнајмат книгите што ги напишале Оливера Николова, Славка Манева, Лидија Димковска, Вера Бужаровска, Светлана Христова-Јоциќ, Лилјана Дирјан, Душица Илин, Ката Мисиркова Руменова, Милица Радевска Димитријовска, Лили Бошевска, Весна Мундишевска Велјановска, Вера Стојчевска Антиќ, Јадранка Владова и други жени писателки, најголем дел членки на Друштвото на писатели на Македонија, информираа од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Книгите, повеќе од 150 на број, се со различен книжевен жанр, проза, поезија, книги за деца, романи и други инспирации на жените писателки чии дела се празнично поместени во изложбениот салон на градската библиотека во Битола. мт/нд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„По Материјата“ – изложба на македонски, грчки и албански уметници во општина Преспа, Грција

СДСМ: Мицкоски е во паника поради падот на поддршка, без резултати зад себе измислува лажни сценарија за изборите

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција и подобрување на капацитетите на Владата, ниту една функција не е вечна