Утрински Весник
Македонија

Во Берово успешно реализирана акцијата ,,Донирај мед за имунитет”

Во Берово успешно реализирана акцијата ,,Донирај мед за имунитет”

Берово, 28 март 2020 (МИА) – Под мотото ,,Донирај мед за имунитет”, во Берово собрани 65 килограми мед, кои ќе бидат наменети за лицата со слаб имунутет и социјално-загрозени семејства. Пчеларот Гоце Дочински, кој ја иницираше акцијата информираше дека покрај пчеларите во акцијата се вклучиле и голем број хумани граѓани кои не се пчелари.

– Слободно можам да кажам дека иако сме мал регион, сите пчелари од Малешевијата се вклучија во акцијата и донираа 65 тегли мед. Благодарност до сите пчелари кои учествуваа во акцијата како и до оние граѓани кои со свои пари купија мед и дадоа свој придонес за реализацијата на целата идеја, истакна Дочински.

Медот и пчелните производи се големи зајакнувачи на имунитетот, што според Дочински беше причината да се реализира оваа акција.

-Сите знаеме за имуностимулирачките карактеристики на медот и пчелните производи. И самите лекари во неколку наврати потврдија дека подигањето на имунитетот е мошне важна карактеристика во насока на заштита од корона вирусот, па токму од таа цел е иницирана оваа активност, додаде Дочински.

Собраниот мед е доставен до екипи на Општина Берово, кои според планираното ќе го дистрибуираат до социјално загрозените семејства и лицата со слаб имунитет. вс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет