Берлин, 12 март 2020 (/) – Во берлинската Државна опера „шоуто мора да продолжи“ без оглед на строгите мерки против новиот коронавирус.
Директорот на оперската куќа, Матијас Шулц изјави дека „Кармен“ денеска ќе се одигра како што е планирано, но без публика. Наместо тоа, претставата бесплатно ќе се пренесува преку видео.
Истото се планира и за операта на Моцарт – Идоменео, на 22 март.
И познатата Берлинска филхармонија разгледува видеопреноси за своите концерти. зш/