Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Во Барселона бесни на Мориба – бара 100.000 евра плата

Во Барселона бесни на Мориба – бара 100.000 евра плата
300x250 opst2

Тренерот на Барселона, Роналд Куман призна дека е „крајно разочаран“ од однесувањето на Илаиш Мориба и преговорите со 18-годишниот талент од „Ла масија“, поради барањето на превисока плата и покрај финансиската криза во која се наоѓа каталонскиот гигант.

Лео Меси веќе замина, а капитените се согласија за намалување на платите за да помогнат на клубот, но тинејџерот, кому договорот му завршува следното лето, бара плата од над 100.000 евра неделно.

„Илаиш? Зборував со него пред две-три недели, повеќе човечки, отколку фудбалерски. Неговата ситуација е ужасна бидејќи има само 18 години, тој е иднина на клубот и знае колку сите го сакаат. Советот кој му го дадов е едноставен – парите не се најважните на светот. Разочаран сум од него и од неговите агенти, бидејќи секогаш верувам повеќе во фудбалот отколку во парите“, изјави Куман.

Шпекулациите велат дека тој е понуден на повеќе елитни клубови низ Европа, бидејќи Барселона не планира да го пушти да игра ако не потпише нов договор. Тој беше исклучен и од Б-тимот на Барселона минатата недела.

> Во Барселона бесни на Мориба – бара 100.000 евра плата <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај