Утрински Весник
Свет

Во Баварија поради грешка уништени стотици вакцини против коронавирусот

Во Баварија поради грешка уништени стотици вакцини против коронавирусот
Dik 300x250 mk

Во германската покраина Баварија, поради неправилно ладење, уништени се стотици вакцини против коронавирусот.

Се покажа дека баварското Министерство за здравство користело обични ладилници за транспорт на вакцината од „Бионтек“ / „Фајзер“, која мора да се лади на температура од минус 70 степени.

Експертите велат дека се непријатно зачудени од баварскиот концепт на логистика во врска со вакцината.

Во Кулмбах и некои други баварски области, минатата недела, по транспортирањето на вакцината, мерачите покажал дека дозволената температура е надмината за два до осум степени, пренесува весникот „Франкенпост“.

Весникот посочува дека поради тоа стотици вакцини морале да бидат уништени.

„Причината е најверојатно во индивидуалните околности за транспорт“, наведуваат локалните власти.

Истрагата на магазинот „Шпигел“, пак, покажала дека станува збор за несоодветни ладилници што се користеле за транспорт, а кои ги испратило покраинското министерство.

Премиерот на германската покраина, Маркус Седер, ја смени министерката за здравство, Мелани Хумел, која претходните месеци се бореше против ширењето на пандемијата.

На нејзино место ќе дојде Клаус Холечек, сегашен државен секретар во прокраинското Министерство за здравство.

Претходно, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) остро ја нападна Хумел, обвинувајќи ја за големи грешки во работата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Медведев: Колку повеќе пари Западот троши за Киев, толку повеќе територии ќе ѝ се вратат на Русија

Поднесено обвиниение против напаѓачот кој со нож повреди 11 лица во воз во Британија

Фереро нема да купува лешници од Турција, можно е зголемување на цената на Нутела!