Утрински Весник
Македонија

Во Арачиново престрелка меѓу патници од два автомобила

Во Арачиново престрелка меѓу патници од два автомобила

Во вечерните часови на 16 август, 26-годишник од Арачиново со иницијали Ш.О. во полиција пријавил дека кон неговиот автомобил „ауди а4“ било пукано додека со него се движел низ селото, со неговата мајка Џ.О. (45) и неговиот брат А.О. (20) како сопатници.

Според пријавата, пукано било исто така од автомобил „ауди a4“ во движење, кој имал германска регистрација и во кој биле О.М. (36) од Арачиново и С.Ќ. (26) од селото Љуботен.

Во инцидентот било оштетено возилото на 26-годишникот кој го пријавил нападот. Повредени лица нема, а според пријавата, причина за пукањето биле нарушени семејни односи.

По наредба на јавен обвинител, пријавителот и неговиот брат исто така биле приведени во полициска станица, поради сомнение дека и тие употребиле огнено оружје.

По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Скопјанец тешко повреден, возачот што го удрил избегал

Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти, вели Мицкоски

Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише