Утрински Весник
Економија

Во април во време на корона-криза регистрирани 741 турист

Охрид без туристи за велигденските празници, православните верници Воскресението христово ќе го слават дома

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Во април годинава, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите изнесува 741, со остварени 4690  ноќевањата. Април е месец во кој веќе беше почната корона-кризата, и според објавените податоци е забележан пад на странските туристи од 99,7 отсто.

Според објавените податоци, бројот на туристите во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 99,1 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 97,2 отсто.

Бројот на домашните туристи во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 97,7 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 99,7 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 96,1 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 97,8 отсто.

Во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 47,9 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 43 отсто, а кај странските има намалување за 50,3 отсто. Во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 46,9 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 41,6 отсто, а кај странските има намалување за 50,4 отсто.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Македонската економија тоне, Мицкоски фантазира за четврта економија во Европа

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

УЈП на средба со стопанствениците од Прилеп и со субјектите кои закупиле штандови за манифестацијата „ ПИВО-ФЕСТ 2025“