Утрински Весник
Свет

Во априлскиот карантин регистрирани само 19 бракови, а дури 16 разводи во Црна Гора

Во априлскиот карантин регистрирани само 19 бракови, а дури 16 разводи во Црна Гора

Во Црна Гора се склучени 447 бракови, а 170 се разведени од јануари до крајот на април, покажуваат податоците на Заводот за статистика.

Весникот „Дан“ пишува дека во извештајот се прецизира дека најмалку бракови се случиле во април, 19, и покрај фактот дека тоа е месецот кога државата беше ставена во карантин поради епидемијата на коронавирусот и кога движењето и функционирањето беа сведени на минимум, пренесува РТЦГ.

И покрај пандемијата на коронавирус, во истиот месец, 16 двојки решиле да стават крај на брачната заедница и се развеле.

Податоците од Заводот за статистика покажуваат дека имало 128 нови бракови во март, 152 во февруари и 148 во јануари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари