Утрински Весник
Свет

Во Англија по 500 фунти за граѓаните што ќе прифатат самоизолација

Во Англија по 500 фунти за граѓаните што ќе прифатат самоизолација

Англискиот систем за тестирање и следење на Ковид овозможува исплата на парична поддршка од 500 фунти (околу 550 евра) на луѓе кои ќе започнат самоизолација откако ќе добијат известување преку мобилна апликација поради контакт со заразена личност, објавено е денеска.

Парите веќе им беа достапни на луѓето на кои им беше наложена самоизолација преку програмата за следење на контакти преку телефон и електронска пошта, но не и преку апликацијата со цел да се почитува анинимност, пренесува „Ројтерс“.

Секое физичко лице кое ќе добие предупредување за самоизолација во апликацијата, сега може да ги регистрира своите податоци со цел да добие исплата, објавија надлежните служби.

Силната заштита на приватноста на корисниците беше клучен услов поставен од „Епл“ и „Гугл“ кога ја направија технологијата достапна за развој на апликации за следење на контактите на луѓето заразени со Ковид-19.

Индивидуалните корисници не мора да внесуваат лични информации при регистрација за да ја користат апликацијата, што значи дека автоматските известување за самоизолација не се обврзувачки.

Со цел да се надмине ваквиот проблем, корисниците кои ќе добијат известување ќе имаат опоција да одберат и натаму да останат анонимни, но во тој случај нема да може да ги добијат парите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп изјави дека САД нападнале три ирански нуклеарни постројки и дека „целосно ги уништиле“

Билд: Германската влада ќе обезбеди средства за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината

Хутите се закануваат дека ќе нападнат американски бродови ако Вашингтон се вклучи во израелските напади врз Иран