Утрински Весник
Свет

Во Албанија пристигнуваат 15.000 вакцини на „Фајзер“

Во Албанија пристигнуваат 15.000 вакцини на „Фајзер“

Уште 15.000 вакцини против коронавирус на компанијата „Фајзер“ треба да пристигнат денес во Албанија, потврди министерката за здравство, Огерта Манастирулиу.

Таа додаде дека се очекуваат 14.400  вакцини на „Астразенека“, кои треба да пристигнат во следните 10 дена преку програмата Ковакс, објавија албанските медиуми.

„Ние сакаме да ја завршиме вакцинацијата на здравствените работници за кратко време, до втората недела од март, како и приоритетните групи на население, како што се оние над 80 години, по што ќе продолжиме со вакцинирање на други групи на луѓе“, рече албанската министерка за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кобахидзе: Во Грузија нема да се повтори сценариото на украинскиот „Мајдан“

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Бунтовниците контролираат половина од градот Алепо