Утрински Весник
Македонија

Во Албанија отпечатена брошура за Ковид -19 и на македонски јазик

Во Албанија отпечатена брошура за Ковид -19 и на македонски јазик

Тирана, 7 мај 2020 (МИА) – Во Албанија е отпечатена брушура за Ковид-19 и на македонски јазик во која се содржани сите потребни информации кои треба да се знаат за болеста и превенцијата од неа.

Ја издава Институтот за јавно здравје во соработка со Министерството за здравство и социјална заштита, владиниот комитет за малцинства и комесарот против дискриминација, со финансиска подршка на Европската унија и Советот на Европа.

Тоа, како што стои во објавата на канцеларијата на Советот на Европа во Тирана, поради тешката состојба предизвикана со појавата на Ковид-19 која е „уште потешка за припадниците на националните малцинства кои се соочуваат со јазична бариера кога станува збор за пандемијата“.

– Бидејќи владите се одговорни за обезбедување информации неопходни за заштита и промоција на правата, вклучително и правото на здравје, неопходно е пристап до информации и на јазиците на малцинствата околу заштитните мерки и случувањата поврзани со ризиците од ширењето на Ковид-19. Како одговор на оваа неопходна потреба во рамки на проектот „Промоција на диверзитетот и рамноправноста во Албанија“ објавена е и оваа брошура, се наведува во објавата.

Брошурата „Информации за вирусот Ковид-19“ отпечатена е и на јазиците на други малцинства во Албанија.вт/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: После локалните избори ќе предложиме резолуција која ќе ги штити македонските национални интереси

Преку ЕУ проект се иницира повторно искористување на отпадот од депонијата на фосфогипс од поранешната Хемиска индустрија Велес

Сиљановска – Давкова во ОН: Сакаме да се интегрираме во ЕУ, но без дополнителни услови и со зачувано национално достоинство