Утрински Весник
Свет

Во Австрија 90 ученици се заразиле со коронавирус од почетокот на училишната година

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Една недела од почетокот на школската година во источна Австрија – Виена, Долна Австрија и Бургенланд, од вкупно 456.000 ученици, 90 се позитивни на коронавирус.

Во случај на позитивно тестирање на еден ученик, цело одделение се испраќа во карантин, а потоа дома се тестираат и другите ученици, но мораат 10 дена да останат во карантин и во случај на негативен тест.

Само во Виена од почетокот на училишната година, се регистрирани 70 заболени од коронавирус, а меѓу нив 55 се ученици, шест наставници и девет административни работници во училиштата.

Во Долна Австрија, во изминатите седум дена, во 32 од 1.158 училишта и 1.058 градинки, беа преземени мерки за корона од страна на надлежните органи врз основа на позитивно тестирани ученици или вработени, рече покраинскиот секретар за образование, Кристијана Тешл-Хофмајстер.

Според нејзините податоци, досега се позитивно тестирани 31 ученик, две деца во градинки и 10 педагози.

Во провинцијата Бургенланд досега се евидентирани само два случаи на корона болест во образовните институции, а станува збор за еден воспитувач во една градинка и за еден ученик.

Според австриското Министерство за образование, учениците се заразиле во приватно опкружување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УЕФА идната недела ќе донесе конечна одлука за евентуална суспензија на Израел

Од 1 октомври нови царини во САД – таргетирани лекови, камиони и мебел

Трамп издаде наредба за продажба на TikTok