Утрински Весник
Свет

Во Австрија повеќе од 15.000 новозаразени со коронавирус за еден ден

Во Австрија драстично расте бројот на новозаразени со коронавирусот и во последните 24 часа се регистрирани 15.149 нови случаи, што е бројка која последен пат беше регистрирана на почетокот на април, анализираат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Во последните 24 часа починале девет лица заразени со ковид.

Главен фокус е Виена со 3.953 новозаразени, а по неа е Долна Австрија со 3.083.

Меѓу новозаразените во последните 24 часа е и министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ.

Таа била позитивна на коронавирусот и е во домашна изолација, од каде, како што е соопштено, продолжува со својата работа.

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија