Утрински Весник
Свет

Во Австрија петцифрен број заразени со Ковид 19

Во Австрија бројот на новозаразени со Ковид 19 изминатите денови се зголемува и повторно достигна петцифрена бројка.

Во последните 24 часа регистрирани се нови 10.898 позитивни ковид случаи, а тој број последен пат беше евидентиран во април годинава.

Изминатото деноночие како последица од вирусот починале шест луѓе.

Тамошниот министер за здравје рече дека овој број е очекуван. Тој не најави нови мерки, рече дека смета на самоодговорноста на граѓаните.

Во Виена моментно има 3.569 новозаразени.

Можете да прочитате

Лавров: Долг е патот до мирот во Украина

Макрон: Администрацијата на Трамп е антиевропска и се сака распад на ЕУ

Жителите на Киев останаа 20 часа без струја на -20 степени